Connect with us

Ливерпул ќе понуди 90 милиони евра за Мики ван де Вен

Ливерпул го означи Мики ван де Вен од Тотенхем како главна цел за следен голем трансфер. Договорот на Тотенхем со 24-годишниот дефанзивец на холандската репрезентација важи до 2029 година, што ги става „спарс“ во силна преговарачка позиција.


Медиумите на Островот тврдат дека Ливерпул е решен да не дозволи ситуацијата да се одолговлекува и се наведува дека клубот од „Енфилд“ е подготвен да понуди 90 милиони евра за да го стави Тотенхем на тест.

Ливерпул минатото лето инвестираше речиси 500 милиони евра во градење на тимот. Доведе играчи како Александер Исак (145 милиони), Флоријан Вирц (125), Хуго Екитике (95), Милош Керкез (46,5), Џереми Фримпонг (40)…


И покрај тоа, тимот се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиер – лигата и заостанува зад лидерот Арсенал за 14 поени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови