Connect with us

Ливерпул ќе остане без тројца клучни играчи цели 8 натпревари во јануари

Ливерпул може да ја отвори новата 2022 година, без тројцата клучни фудбалери, Мохамед Салах, Садио Мане и Наби Кеита. Купот на нации во Африка, што ќе се одржи во јануари, ќе се совпадне со средината на сезоната во Премиер – лигата.

Така, првичната замисла беше дека моќното трио пропушти најмногу четири натпревари. Со почетокот на АФКОН на 6 јануари, првично се мислеше дека играчите би биле достапни за дербито на Ливерпул против Челси, четири дена порано. Сепак, “Атлетик” сега известува дека фудбалерите ќе мора да бидат заминати на меѓународната пауза до 27 декември, односно со тоа, ќе ги пропуштат и натпреварите со Лестер и Челси.

Меѓутоа, ако некоја од нивните репрезентации продолжи во следните фази од натпреварувањето или стаса до финалето на 6-ти февруари, тогаш тие играчи би можеле, во целост, да пропуштат дури осум натпревари. “Црвените” ќе разговараат со АФКОН нациите со цел да се намали отсуството на нивните играчи, додава и “Мирор”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови