Новиот договор на Мохамед Салах повторно е една од темите во англиските медиуми. Салах сака да остане во Ливерпул, но сепак инсистира да биде платен колку што заслужува.
Англиските медиуми сега пишуваат за споредбата со Кристијано Роналдо и Кевин де Бруин, најплатените играчи во Премиер – лигата. Агентите на Салах имаат јасен став – ако Кристијано Роналдо на 36 години заработува 500.000 фунти неделно, а Де Бруин 400.000, тогаш Египќанецот мора да се цени на исто ниво.
Барањето на Салах е плата од 400.000 фунти, во превод тоа би го чинело Ливерпул над 80 милиони фунти, доколку потпише нов повеќегодишен договор.
Ова значително би ја разнишало платежната хиерархија на „Енфилд“, бидејќи не е тајна дека раководството на клубот не ги преплаќа своите играчи, има јасна граница и сега поради Салах (не) сака да ја помести.
На Салах не му се брза, свесен е дека парите што ги сака би можел да ги добие во друг клуб, но сепак приоритет му е да остане.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski