Connect with us

Ливерпул ќе купи млад напаѓач од Лајпциг како замена за Мохамед Салах

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул го насочил вниманието кон напаѓачот на Лајпциг, Јан Диоманде, пренесува „ЕСПН“.

Скаути на „црвените“ од Мерсисајд присуствувале на натпреварот меѓу Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт во Бундес-лигата за да го гледаат младиот фудбалер. На овој меч, играчот од Брегот на Слоновата Коска постигна хет-трик во период од 18 минути во второто полувреме, поставувајќи конечен резултат од 6-0.

19-годишниот крилен напаѓач има 15 натпревари за „црвените бикови“, на кои постигнал седум голови и забележал четири асистенции.

За репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Диоманде има четири настапи и постигнато два гола.

Интересот на Ливерпул може дополнително да се зголеми доколку Мохамед Салах, кој игра на иста позиција, замине во зимскиот преоден рок, откако неговите односи со менаџерот Арне Слот се влошија за време на лошата серија во која се наоѓа тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови