Фудбалерите на Ливерпул ремизираа на својот „Енфилд“ со екипата на Лидс играјќи 0-0, додека Кристал Палас и Фулам исто така си ги поделија бодовите во лондонското дерби, 1-1.
Иако Ливерпул доминираше во поголемиот дел од натпреварот и имаше повеќе шанси и удари кон голот, Лидс успеа да освои бод, исто како и на почетокот на декември на свој терен, кога резултатот беше 3-3.
Арне Слот изведе комбиниран состав, а нападот го предводеа Фримпонг, Шобошлаи, Вирц и Екитике, додека на клупата остана најефикасниот играч, Доминик Калверт-Луин.
Ливерпул доминираше од самиот почеток, но тешко го пробиваше нискиот блок на Лидс. Во првото полувреме практично имаше една голема шанса, кога Фримпонг го пронајде Екитике во петерецот, но Французинот многу лошо шутираше со глава, далеку од голот.
Лидс дури беше и поблиску до погодок. По грешка на голманот Алисон, кој лошо ја исфрли топката, Ампаду доби одлична можност, но шутираше слабо по земја, право во рацете на Бразилецот.
И во второто полувреме Ливерпул тргна офанзивно, но повторно се мачеше во последната третина од теренот, па Шобошлаи се обиде со удар од далечина, но неговиот силен шут го одбрани голманот Пери.
„Црвените“ беа многу блиску до гол по корнерот што го изведе Шобошлаи, кога Ван Дајк шутираше со глава, а топката помина покрај стативата.
Екитике ја имаше следната шанса во 74. минута, но од околу дваесетина метри шутираше над голот.
Во последните 15 минути шанса доби и Федерико Киеза, наместо Бредли, додека на другата страна влезе и Калверт-Луин, кој по неколку минути ја затресе мрежата, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.
Лидс беше нешто поопасен во финишот, а во судиското продолжение Штах се најде во солидна позиција, но шутираше над голот.
Кристал Палас и Фулам исто така ремизираа, 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













