Connect with us

Ливерпул го реши Јунајтед на „Олд Трафорд“ и останува во игра за ЛШ! (ВИДЕО)

Ливерпул вечерва забележа многу важна победа откако на „Олд Трафорд“ со 2-4 ја доби дерби-пресметката со Манчестер Јунајтед и останува во игра за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите.

Фернандеш во 10. минута го отвори резултатот за водство на Јунајтед, но Јота и Фирмино погодија за водство на Ливерпул на полувреме. На стартот од вториот дел со втор гол на Фирмино го зголеми резултатот на убедливи 1-3. „Црвените ѓаволи“ преку Рашворд намалија на 2-3 и ги вратија надежите за реми или можно изненадување. Во самиот финиш од мечот Салах се запиша во листата на стрелци и ја потврди големата победа за четата на Клоп.

Јунајтед останува на второто место со 70 бодови, додкеа Ливерпул сега има 60 и се наоѓа на петтото место.

Претходно, Астон Вила на домашен терен ремизираше со Евертон играјќи 0-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови