Connect with us

Ливерпул го пронајде заменикот на Александер Исак во Феенорд

Англискиот гигант Ливерпул покажува сериозен интерес за напаѓачот на Феенорд, Ајасе Уеда, пренесуваат медиумите во Холандија. Според информациите, „црвените“ бараат поевтина опција за засилување на нападот. Причина за тоа се фрактурата на ногата на Александер Исак и отсуството на Мохамед Салах, кој настапува на Купот на африканските нации.

Потрагата по нов фудбалер го одвела раководството на Ливерпул во Холандија, каде што се одлучиле за Уеда. 27-годишниот јапонски репрезентативец се прикажува во одлично светло за Феенорд од почетокот на сезоната, постигнувајќи 19 голови на 25 одиграни натпревари.

Во стручниот штаб на Ливерпул во него гледаат сигурно засилување кое ќе придонесе за проширување на ростерот и ќе може успешно да се вклучи кога ќе има потреба.

Од своја страна, Уеда би ја поздравил можноста за трансфер на „Енфилд“. Таму би имал шанса да игра заедно со својот сонародник и соиграч од јапонската репрезентација – Ватару Ендо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови