Ливерпул пронајде замена за Рајан Гравенберх откако Реал Мадрид испрати навистина голема понуда за холандскиот играч од средниот ред. „Кралевите“ испратија понуда вредна 120 милиони евра за фудбалерот од средниот ред.
Гравенберх пристигна во Ливерпул во летото 2023 година, а „црвените“ тогаш му платија на Баерн Минхен 40 милиони евра за неговите услуги.
Тој имаше нешто послаби настапи во Баерн по доаѓањето од Ајакс во 2022 година, а и неговиот почеток во Ливерпул беше тежок.
Клоп се мачеше да го извлече најдоброто од него, но тоа му успеа на Слот, кој му даде да игра на позицијата „шестка“.
Токму Гравенберх беше клучен играч во освојувањето на титулата во Премиер – лигата од страна на Ливерпул.
Одличните игри го привлекоа интересот за него и тој се најде на врвот на листата желби на Реал Мадрид, кој наводно веќе испратил и официјална понуда.
Слот веќе донел одлука кого ќе го доведе како замена за Гравенберх, а станува збор за ѕвездата на Кристал Палас, Адам Вортон.
Според информациите, Ливерпул веќе отворил преговори со Вортон, кој би требало да пристигне на „Енфилд“ како замена за Холанѓанецот.
Иако е малку веројатно дека ќе успеат да го донесат во јануари, челниците на Ливерпул не сакаат да се откажат од таа идеја.
Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата околу овој фудбалер и е подготвен да тргне по него до крајот на овој месец.
Наводно, овој играч претходно му бил понуден и на Реал Мадрид, но тие не сакале да реагираат, туку се одлучиле за Гравенберх.
Адам Вортон е млад фудбалер кој ја започнал својата кариера во академијата на Блекбурн. Тој ги поминал сите младински селекции на клубот, а на крајот дебитирал и за сениорскиот тим.
По добрите настапи, во јануари 2024 година тој премина во Кристал Палас за сума од 21 милион евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













