Ливерпул доби големо засилување во одбраната. Англискиот клуб официјално потврди дека го ангажираше Роналд Араухо од Барселона.
Уругвајскиот дефанзивец на „Енфилд“ пристигнува на позајмица, а договорот содржи и опција за целосен откуп во вредност од 55 милиони евра. Араухо ќе го носи дресот со број „33“ и се очекува да биде важен дел од одбранбената линија на Ливерпул.
Неговиот трансфер доаѓа по заминувањето на Ибрахима Конате, па 27-годишниот стопер ќе има задача да донесе дополнителна сигурност во последната линија на „црвените“.
Араухо во Барселона пристигна во 2018 година од Бостон Ривер. По периодот поминат во вториот тим, брзо го привлече вниманието и се избори за место во сениорскиот состав.
Во седум години во каталонскиот клуб одигра 213 натпревари, постигнувајќи 14 голови и запишувајќи седум асистенции. Со Барселона освои три титули во Ла Лига, два Купа на кралот и три Суперкупа на Шпанија.
Араухо во меѓувреме доби и капитенска улога, што доволно говори за неговото значење во тимот.
На репрезентативно ниво, за Уругвај има 27 настапи, еден гол и три асистенции.
Сега го очекува нов предизвик во Англија, каде што ќе се обиде да ја оправда довербата на Ливерпул и да се наметне како еден од лидерите во одбраната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













