Connect with us

Ливерпул го елиминира Тотенхем, Арсенал исто така сигурен во Лига купот на Англија

Арсенал продолжува во следната фаза од англискиот Лига куп, откако „топчиите“ славеа со 2-4 на гостувањето кај Ипсвич Таун во шеснаесетфиналето.

Лондонскиот тим практично ја заврши работата уште во првото полувреме. Арсенал постигна два гола и со сигурна предност замина на пауза, а во продолжението ја контролираше ситуацијата.

Мечот го одбележа 16-годишниот Макс Дауман. Младиот фудбалер постигна два гола и беше еден од најзаслужните за пласманот на Арсенал. Во листата на стрелците се запишаа и Нони Мадуеке и Микел Мерино.

Ипсвич не се предаде. Анис Мехмети во 62. минута намали на 1-3, а во самиот финиш Чуба Акпом постигна уште еден гол за домаќинот, но тој не беше доволен за пресврт.

Убедлива победа запиша и Ливерпул, кој со 3-1 го елиминираше Тотенхем и му нанесе нов удар на тимот од Лондон.

Алексис Мек Алистер во 21. минута го отвори резултатот, а Коди Гакпо во 55. минута зголеми на 2-0. Тотенхем се врати во игра со голот на Конор Галагер, но надежта траеше кратко.

Доминик Собослаи во првата минута од судиското надополнување го постигна третиот гол за Ливерпул и стави точка на натпреварот.

Пласман обезбеди и Фулам, кој со 2-3 славеше на теренот на Барнли, додека Брентфорд со 1-2 беше подобар од Ридинг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови