Connect with us

Ливерпул го договорил трансферот на Мекалистер

Алексис Мекалистер ќе биде првото ново засилување на Ливерпул во летниот преоден рок. Светскиот шампион со Аргентина мора да ги помине медицинските прегледи во следните 48 часа, по што и официјално ќе биде претставен како нов играч на „Енфилд“.


Неговиот договор ќе биде на пет години – до јуни 2028 година, а Ливерпул на Брајтон ќе му ја исплати отштетната клаузула вклучена во договорот на играчот од средниот ред со „галебите“.


Јирген Клоп наскоро ќе може да ја реши првата од своите големи трансферни цели, со која планира сериозно да го обнови средниот ред на својот тим.

Ливерпул веќе работи на ангажман на уште еден играч, преговара со Ница за Кефрен Турам. Како алтернативи се споменуваат имињата на Ману Коне, Ромео Лавија и Габриел Веига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови