Ливерпул води во трката за потписот на ѕвездата на Јувентус, Федерико Киеза, три години откако првпат беа поврзувани со Италијанецот. „Црвените“, наводно, го обновиле интересот за италијанскиот репрезентативец за првпат од 2021 година, кога тој сè уште беше во втората година од неговата двегодишна позајмица од Фиорентина.
Тогаш 23-годишниот крилен напаѓач не беше заинтересиран за преселба во Премиер – лигата и сакаше да остане во Серија А. Киеза, кој постигна 10 гола и забележа три асистенции во 37 настапи минатата сезона, сега повторно се поврзува со преселба на „Енфилд“.
Во февруари беше објавено дека Јувентус поставил цена од 40 милиони евра за правата на 26-годишниот фудбалер, а неговиот договор со италијанскиот гигант истекува во летото 2025 година.
Италијанскиот весник „Тутоспорт“ тврди дека „црвените“ се во пол-позиција за крилниот напаѓач, но за него се заинтересирани и Наполи, Рома, Милан и Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













