Connect with us

Ливерпул беше на милиметри од победа, но ремизираше против Фулам (ВИДЕО)

Ливерпул не успеа да стигне до победа на гости кај Фулам играјќи 2-2. Тимот на Арне Слот беше блиску до цел плен на гостувањето во Лондон, направи пресврт во судиското продолжение од мечот, но Харисон Рид не дозволи Фулам да загуби.


Хари Вилсон во 17.минута донесе предност за Фулам, а израмни Флоријан Вирц, кој полека се наметнува како еден од најдобрите во составот на Ливерпул. Германецот постигна гол во 57.минута, а Ливерпул до крајот направи пресврт. Коди Гакпо во 94.минута постигна гол, но и тоа не беше крај. Во 97.минута, Харисон Рид постигна прекрасен погодок за конечни 2-2.

Њукасл го совлада Кристал Палас со 2-0 на „Сент Џејмс Парк“ и покажа дека сѐ уште има амбиции за европска сцена. Бруно Гимараеш го отвори резултатот во 71. минута, а Малик Тијао седум минути подоцна го потврди триумфот на домаќинот.

Тотенхем ремизираше 1-1 против Сандерленд. Бен Дејвис во 30. минута го донесе Тотенхем во водство, но Брајан Броби израмни десет минути пред крајот на натпреварот, обезбедувајќи поделба на бодовите.

Брентфорд забележа убедлива победа на гостински терен против Евертон со 4-2. Игор Тијаго блесна со хет-трик за гостите, а свој гол постигна и Натан Колинс. За Евертон стрелаа Бето и Тирно Бери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови