Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лисандро Мартинез, преку својот официјален профил на социјалните мрежи објави соопштение во кое ги појасни своите изјави што предизвикаа голем интерес во медиумите.
Аргентинскиот репрезентативец призна дека неговите првични коментари по поразот од 0-2 од Атлетико Мадрид, кога јавно ја критикуваше спортската управа на клубот поради трансферната политика, биле изговорени под влијание на негативните емоции. Сепак, Мартинез нагласи дека останува целосно посветен на стандардите и на грбот на „црвените ѓаволи“.
„По сè што беше кажано за моите коментари од вчера, сакам да споделам неколку мисли за она што го изјавив и за тоа како се чувствувам.
По натпреварот зборував воден од гневот и фрустрацијата затоа што не го постигнавме резултатот што сите го посакувавме.
Оние што ме познаваат знаат колку емотивно го доживувам фудбалот – со страст, посветеност и огромна желба за победа. Кога работите не одат според нашите очекувања, тоа боли, особено кога го претставуваш клуб со историјата и реномето на Манчестер јунајтед.
Моите зборови го одразуваат она што го чувствувам и колку многу сакам да го видам овој клуб како се бори за најголемите трофеи. Таквите лични стандарди се дел од мојот поглед кон фудбалот и одговорноста што ја носи дресот на овој клуб.
Кога велам дека сакам повеќе, мислам на амбицијата што сите треба да ја имаме како дел од овој клуб. Да продолжиме да напредуваме, да стануваме посилни и да имаме сè што е потребно за да се натпреваруваме на највисоко ниво. Тоа се стандарди до кои сите треба да се придржуваме, почнувајќи од мене.
Знам дека пред сè ние, фудбалерите, сме тие што мора да ги остваруваме резултатите и целосно ја прифаќам таа одговорност. Мораме да бараме уште повеќе од себе и да работиме заедно за да го вратиме Манчестер јунајтед на врвот.
Верувам во моите соиграчи, во нашиот тренер и во сите што работат за овој клуб да оди напред. Убеден сум дека единствениот начин да продолжиме понатаму е да останеме обединети, со амбиција и целосна посветеност.
Мојата цел е иста од првиот ден – да победувам, да се натпреварувам на највисоко ниво и да го дадам сето она што го имам за овој грб“, напиша Мартинез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













