Лион дојде на „Паркот на принцовите“ и го совлада фаворизираниот ПСЖ со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Тино Каведере во 35.минута. Со овој триумф, Лион и го прескокна ПСЖ на врвот на табелата и води заедно со Лил со по 29 бода, а „светците“ имаат бод помалку на третото место.
ПСЖ немаше свој ден, иако Нејмар, Мбапе и Ди Марија создадоа неколку шанси пред голот на противникот. Сепак, Лион одолеа на сите напади и на крај ги однесе трите бода. Нејмар не го доигра натпреварот, беше изнесен на носилки поради груб старт на Тијаго Мендеш кој заработи црвен картон.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













