Лион го совлада Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ со 1-2 во 30. коло од Лига 1.
Откако катарските сопственици влегоа во ПСЖ во 2011 година, „Паркот на принцовите“ никогаш, сѐ до овој 19 април, не видел нивниот тим да заостанува со два гола по само 18 минути игра.
Вечерва одбраната на парижаните капитулираше по само шест минути, кога Ендрик се прикраде зад грбот на Вилијам Пачо, кој не само што не го виде, туку не можеше ниту да го сопре. Бразилецот силно шутираше и од стативата ја затресе мрежата на Матвеј Сафонов — прекрасен погодок.
Лион играше како да се тие европски шампиони во тие моменти. Шансите се нижеа, малку недостасуваше Абнер Винисиус со „ножички“ да го совлада рускиот голман на ПСЖ, но одличниот чувар на мрежата беше на висина на задачата. Во 18. минута следуваше експресна контра на „лавовите“ по корнерот на парижаните. Ендрик беше посилен во дуелот со Витиња и испрати додавање до Афонсо Мореира, кој ги „остави во прашина“ Мајулу и Хакими и сигурно ја реализираше шансата.
Можеби исходот ќе беше поинаков доколку Гонсало Рамош реализираше пенал во 33. минута. Шутираше полувисоко, но го погоди Доминик Гриф, доволно за голманот на Лион да интервенира и да стане херој на натпреварот.
Тимот на Пауло Фонсека навистина се претстави одлично. Се бранеа дисциплинирано, под водство на искусниот Муса Нијакате. Дури ни тој не можеше да го спречи мајсторскиот удар на Хвича Кварацкелија во четвртата минута од судиското надополнување. Но тоа не беше доволно ПСЖ да избегне пораз.
Пари Сен Жермен сега има само еден бод предност во однос на Ленс, но и еден одигран натпревар помалку.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













