Connect with us

Линекер: ВАР е смешка, немаше пенал за Чешка (ВИДЕО)

Хрватска и Чешка одиграа невозбудлив натпревар од второто коло од групата Д на Европското првенство. Ремизираа (1-1) во Глазгов, а најмногу бура се крена околу пеналот за Чешка.


Чесите поведоа во 37. минута со голот на Патрик Шик, по пеналот за кој беше „виновен“ Дејан Ловрен. Судијата Карлос дел Серо Гранде на почетокот не досуди ништо, но по интервенција на ВАР тој отиде да ја гледа снимката додека чешкиот напаѓач лежеше со крвав нос.


По прегледувањето на снимката, Дел Серо Гранде досуди пенал откако Ловрен во скок со рака го удрил Шик во носот. Сите хрватски фудбалери, предводени од капитенот Модриќ, протестираа против одлуката, но без успех.
Одлуката на шпанскиот судија на Твитер ја коментираше и Гери Линекер, кој редовно го критикуваше ВАР и во Премиер – лигата.


„Драго ми е што гледам дека ВАР е исто толку смешен и на некои други натпреварувања. Немаше збор за пенал“, напиша легендарниот англиски репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови