Лидс на домашен терен го совлада Нотингем Форест со 3-1 во 25. коло од англиската Премиер лига.
Лидс поведе во 26. минута по ефективна акција: Бугарскиот фудбалер Илија Груев испрати прецизна долга топка зад Миленковиќ, која ја дочека Џејден Богл и рутински ја смести во мрежата на Ортега. Само четири минути подоцна, Џастин го проигра Ноа Окафор, кој лесно ја удвои предноста.
Во второто полувреме, Лидс продолжи со контрола на натпреварот. Во 49. минута, Груев имаше простор да го проигра Доминик Калверт-Луин, кој со прецизен удар го постигна третиот гол за домаќините.
Нотингем Форест успеа да постигне почесен погодок во 86. минута преку новото засилување Лоренцо Лука по центаршутот на Хачинсон, но тоа не беше доволно за да се загрози убедливото водство на Лидс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













