Connect with us

Лидс освои бод на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед имаше негатива од два гола на „Олд Трафорд“, но успеа да израмни на 2-2. Сепак, впечатокот е дека Лидс Јунајтед треба да биде среќен што освои бод на ова гостување.

Њонто во првата минута ја затресе мрежата на Манчестер Јунајтед, а на почетокот на вториот дел Рафаел Варан си постигна автогол.

Но, Манчестер Јунајтед не се предаде. Маркус Рашфорд во 62.минута намали на 1-2, а Џејдон Санчо успеа да израмни во 70.минута. До крајот „ѓаволите“ имаа неколку шанси и за триумф, но не успеаја да ги реализираат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови