Connect with us

Лидс Јунајтед го доведе Вестон Меккени

Лидс официјално потпиша договор со американскиот интернационалец Вестон Меккени. Играчот од средниот ред доаѓа на „Иланд Роуд“ како позајмен од Јувентус, но договорот меѓу двата клуба вклучува опција за откуп за 33 милиони евра, плус одредени бонуси.


Меккени е поранешен играч на Шалке 04, а во 2021 година се пресели во Јувентус за 20,5 милиони евра и брзо се наметна во тимот.


Во тековната сезона, играчот од средниот ред забележа 21 натпревар и три гола во сите натпреварувања.


Меккени во Лидс ќе игра заедно со своите сонародници Тајлер Адамс и Брендан Аронсон, а менаџер на тимот е уште еден Американец, Џеси Марш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови