Лидс приреди одлична фудбалска претстава и со убедливи 4-1 го совлада Њукасл во четвртото коло од Премиер – лигата. Тимот пред своите навивачи одигра одличен натпревар и стигна до исклучително важни три бода.
Домаќинот го скрши отпорот на „чавките“ во 32. минута, кога Луис Мајли несреќно ја затресе сопствената мрежа. Само две минути подоцна Лидс повторно погоди – Џејден Богл беше највисок во скокот и со удар со глава зголеми на 2-0.
Њукасл не успеваше да најде одговор на одличната игра на домаќините, а пред самиот крај на првото полувреме стигна и третиот гол. Доминик Калверт-Луин во судиското продолжение ја искористи шансата и погоди за убедливи 3-0.
Англискиот напаѓач претходно имаше одлична можност за погодок, но не реализираше. Сепак, не мораше долго да чека за поправен.
Лидс продолжи со исто темпо и во вториот дел, а во 59. минута стигна до четвртиот гол. Ноа Окафор одлично реагираше и со удар од прва ја испрати топката во стативата, од која таа заврши во мрежата за неверојатни 4-0.
Њукасл се обидуваше да избегне целосен дебакл. Џо Вилок во 72. минута ја погоди пречката, но гостите никако не успеваа да го совладаат голманот на Лидс.
Почесниот погодок сепак стигна во 90. минута. Базумана Туре се снајде најдобро во шеснаесетникот и го ублажи поразот, поставувајќи ги конечните 4-1.
Со оваа победа Лидс продолжи со одличниот старт на сезоната и сега има осум бода од четири натпревари. Заедно со Хал сити се наоѓа на третата и четвртата позиција, веднаш зад максималните Арсенал и Манчестер Сити.
Њукасл, пак, останува на пет бода и моментално е на 12. место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













