Connect with us

Лидс и Манчестер Јунајтед поделија по бод (ВИДЕО)

Лидс и Манчестер Јунајтед одиграа нерешено 1-1 во рамките на 20. коло од Премиер – лигата. За Лидс ова беше трето последовно реми, по што тимот се наоѓа на 16. позиција со 22 бодови. Најважно за екипата на Даниел Фарке е што има предност од осум бода во однос на Вест Хем, кој е прв под „линијата“, што претставува солидна залиха во борбата за опстанок.

Манчестер Јунајтед, пак, вторпат по ред одигра нерешено и моментално е петтопласиран со 31 бод.

Првото полувреме не понуди многу возбудувања и лесно може да се опише како бледо, а единствената позначајна шанса ја имаше напаѓачот на Лидс, Калверт-Луин, кој во 35. минута со удар со глава ја погоди стативата.

Во второто полувреме темпото значително се зголеми и двата тима тргнаа по победа. Првиот удар го зададе Лидс во 62. минута, кога домашниот стопер Струјк при обид да ја расчисти топката несвесно асистираше за погодок.

Во продолжението на акцијата, Американецот Аронсон го надмудри младиот дефанзивец на Јунајтед, Хевен, кој не успеа навреме да реагира, па му дозволи на играчот од средниот ред на Лидс да излезе сам пред голманот Ламенс и сигурно да реализира од околу 12 метри за 1-0.

Сепак, радоста на домаќините траеше само три минути. Во 65. минута Зиркзе испрати совршено додавање во празен простор до Матеус Куња, кој од околу 13 метри рутински ја затресе мрежата за конечни 1-1.

До крајот на натпреварот и двата тима имаа уште неколку сериозни обиди, но нови погодоци немаше и резултатот остана непроменет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови