Connect with us

Левандовски треба да се согласи на два важни услови ако сака да остане на „Камп Ноу“

Раководството на Барселона веќе ја има одредено својата позиција во врска со иднината на Роберт Левандовски. Клубот поставил многу јасни услови пред полскиот напаѓач и неговото опкружување, доколку сака да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“.


Оваа ситуација одразува значајна промена во спортското планирање на Каталонците. Барселона сака да започне нова етапа, а тоа вклучува и редефинирање на улогата на Левандовски во тимот. Според „Марка“, клубот упатил категорична понуда: Полјакот ќе мора да прифати намалување на платата од 50% доколку сака да остане и следната сезона.


Оваа одлука е резултат на деликатната финансиска состојба на клубот. Барселона се обидува да го балансира буџетот за плати и да ги приоритизира инвестициите на други клучни позиции. Покрај финансиската корекција, се планира и значајна спортско-техничка промена, Левандовски повеќе нема да биде неприкосновен прв напаѓач, туку ќе треба да прифати споредна улога. Клубот веќе работи на доведување нов централен напаѓач кој ќе ја води офанзивата, што ќе го стави Левандовски на клупата за резерви.


За играч со негова кариера ова претставува голем предизвик. Со години Роберт Левандовски беше главна фигура во нападот, како во Барселона, така и во неговите претходни клубови. Клубот смета дека неговото искуство сè уште е вредно, но истовремено сака да ја обнови офанзивата со подинамични профили прилагодени на современиот фудбал.


Од клубот јасно порачуваат дека конечната одлука е на играчот, да ги прифати новите услови или да побара други опции на пазарот.


Опкружувањето на ветеранот мирно ја анализира ситуацијата. Роберт Левандовски сè уште има баран на пазарот и би можел да добие интересни понуди доколку одлучи да ја напушти Барселона. Тој има конкретна понуда од Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови