Connect with us

Левандовски отпатува за САД, на преговори со Чикаго Фајер

Роберт Левандовски е на пат кон Соединетите Американски Држави, каде што ќе одржи клучни разговори за следниот чекор во својата кариера, пренесуваат полските медиуми.

Договорот на полскиот напаѓач со Барселона истекува на 30 јуни, а разделбата меѓу двете страни веќе е официјално потврдена.

Заедно со 37-годишниот голгетер патува и неговиот агент Пини Захави. Сериозен интерес за негов ангажман покажува Чикаго Фајер, кој активно работи на реализација на трансферот.

Левандовски ќе ја разгледа понудата на американскиот клуб, која вклучува договор на две или три сезони. Се очекува конечната одлука да биде донесена во наредните денови.

Во изминатата сезона полскиот репрезентативец настапи на 46 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна 19 голови и запиша четири асистенции. На теренот мина вкупно 2.486 минути.

Сега пред искусниот напаѓач стои важна одлука – дали по успешниот период во Барселона кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата и ќе се пресели преку Атлантикот во редовите на Чикаго Фајер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови