Роберт Левандовски е во последната година од договорот и доколку Барселона не му понуди продолжување на соработката, на лето ќе биде слободен во изборот на нова средина.
Според најновите информации, Чикаго Фајeр во моментов е единствениот клуб кој започнал преговори и повлекол конкретни потези.
Наводно, клучно е тоа што Левандовски заедно со своето семејство избира и идеално место за живот, а Чикаго спаѓа меѓу таквите дестинации.
Полјакот не е претерано заинтересиран да се пресели во Саудиска Арабија, која му нуди „кули и градови“, туку би можел да се одлучи за МЛС – лигата, каде што исто така не би играл во особено квалитетна лига, но би избрал поубав начин на живот.
Лева и понатаму ја чека Барселона, подготвен е да прифати драстично пониски примања за едногодишен договор до летото 2027 година, но во клубот порачале дека нема да брзаат со таква одлука.
Барса нема средства за ангажман на нов напаѓач, па спортскиот директор Деко и Жоан Лапорта извесно ќе ги разгледуваат сите опции до летото, кога ќе ја донесат конечната одлука.
Но, како што во моментов стојат работите, доколку ја напушти Каталонија, Левандовски би можел лесно да го избере Чикаго.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













