Connect with us

Лео Меси со гол и асистенција за Аргентина повторно испиша историја (ВИДЕО)

Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси, постигна еден гол и запиша асистенција во пријателскиот натпревар со Ангола, со што повторно испиша историја.

Напаѓачот на Аргентина асистираше на Лаутаро Мартинез во 43. минута и самиот се запиша во листата на стрелците во 82. минута, со што стигна до својот 115-ти гол за националниот тим. На репрезентативно ниво, повеќе голови има само Кристијано Роналдо во дресот на Португалија – 143.

Иако Ангола беше поактивна на почетокот, Аргентина го отвори резултатот пред полувремето преку Лаутаро Мартинез. Во второто полувреме Ангола продолжи да се спротивставува и дури можеше да израмни, но Лионел Меси во 82. минута го постави конечниот резултат, 2-0.

Ова беше 20-ти гол или асистенција за Меси во последните осум натпревари за Интер Мајами и аргентинската репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови