Connect with us

Ленарт Карл влезе во елитно друштво во ЛШ

Фудбалерот на Баерн Минхен, Ленарт Карл, кој беше стрелец во победата на гостувањето кај Атлетико Мадрид, испиша историја во Лигата на шампионите. Младиот Германец стана четвртиот најмлад фудбалер кој стигнал до пет постигнати голови во елитното европско натпреварување.

Карл синоќа го отвори резултатот во 54. минута, пред Конрад Лајмер во 74. минута да ја потврди победата на баварскиот гигант од 0-2.

Германскиот талент има само 18 години и 254 дена, а според податоците на УЕФА, само тројца фудбалери биле помлади кога ја достигнале границата од пет гола во Лигата на шампионите.

Пред него на листата се Ламин Јамал (17 години и 291 ден), Килијан Мбапе (18 години и 120 дена) и Раул (18 години и 162 дена).

Карл до петте гола во Лигата на шампионите стигна со погодоците против Клуб Бриж во победата од 4-0, Арсенал во поразот од 3-1, Спортинг во триумфот од 3-1, Аталанта во победата од 4-1 и Атлетико Мадрид во последниот натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови