Мексиканскиот голман Гиљермо Очоа потврди дека ќе ја заврши својата професионална кариера по завршувањето на Светското првенство.
Четириесетгодишниот чувар на мрежата, кој во сезоната 2025/26 настапуваше за АЕЛ Лимасол, беше вклучен во составот на мексиканската репрезентација за своето шесто Светско првенство.
„Националниот тим на Мексико отсекогаш бил мојот компас, мојата насока и во кариерата и во животот. Не можам да ја замислам својата кариера без репрезентацијата. Не знам каква ќе беше без неа“, изјави Очоа.
„Бидејќи моето време во националниот тим се приближува кон крајот, повеќе не гледам смисла во фудбалот. Не гледам причина да продолжам да играм. Уживав во секој момент тука. Секогаш го давав максимумот на теренот. Се повлекувам со мирна душа и со високо крената глава, горд на сè што доживеав“, изјави низ солзи Очоа во епизода од серијалот „Letters That Unite“ на YouTube-каналот на ФИФА.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













