Connect with us

Легендарниот Мирослав Клосе ја победи болеста и сака да му се врати на фудбалот

Легендата на Баерн Минхен и на германскиот фудбал, Мирослав Клосе, ја надмина тромбозата и најави враќање во фудбалот.


Најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства, кој постигна 16 гола на пет светски првенства, пред Бразилецот Роналдо со 15 и Герд Милер со 14, дозна за неговата тешка болест во мај оваа година и мораше да ја напушти позицијата асистент во стручниот штаб на Баерн Минхен. Посвети неколку месеци на лекување, а сега конечно ја победи болеста и може повторно да размислува за фудбалот.

„Бев во шок, но сега се е в ред, не чувствувам никакви проблеми. Сега можам повторно да правам се, да играм фудбал, тенис, можам да трчам. Лекарите ми дадоа дозвола да се вратам на работа“, изјави Клосе за „Кикер“.

Германската легенда сега сака да стане главен тренер во некој клуб.

„Немам никакви услови, само треба да го сакам клубот, морам да имам добро чувство, а потоа можеме да почнеме да работиме“, истакна светскиот шампион со Германија, кој постигна 71 гол на 137 настапи во дресот на „Елф“.

Advertisement

Facebook

Тимови