Connect with us

Легендарниот Кањизарес со совет до Столе Димитриевски: „Веднаш да си одиш од Валенсија!“

Поранешниот голман на Валенсија и легенда на клубот, Сантијаго Кањизарес, жестоко удри по состојбата на Столе Димитриевски на „Месталја“, предупредувајќи дека македонскиот репрезентативец мора итно да размисли за заминување, бидејќи клубот не исполнил ниту едно од ветувањата што му ги дал при неговиот потпис.

Кањизарес смета дека Валенсија води хаотична и штетна политика кога се работи за голманската позиција, а најмногу страда токму Димитриевски. Наместо да му дадат континуитет на голман кој може да биде долгорочна опција, клубот цела сезона му дава предност на Хулен Агирезабала, позајмен играч од Атлетик Билбао. На тој начин, како што вели тој, Валенсија создава вредност за друг клуб, додека Столе останува во втор план.

„Ако две сезони по ред не реализираш ништо од тоа што му го ветил на играчот, логично е тој да размисли за заминување. По мое мислење, Димитриевски треба да си оди. Очигледно е дека Валенсија ќе го пушти веднаш штом се појави понуда која ќе ја покрие сумата што ја бараат“, изјави Кањизарес.

Димитриевски пристигна како слободен играч со јасна идеја да биде наследник на Мамардашвили. Наместо тоа, остана во сенка на Агирезабала, играч чие останување зависи од тоа дали Валенсија ќе плати 10 милиони евра по крајот на сезоната.

„Ова само покажува дека клубот нема јасен план за Димитриевски. Најдобро за него е да најде средина каде што навистина ќе биде ценет“, порача поранешниот шпански репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови