Бока Јуниорс оствари минимална, но многу значајна победа на гостувањето кај Ривер Плата на „Монументал“, славејќи со 0-1 во 14. коло од аргентинската Апертура.
Суперкласико број 266 уште еднаш го оправда статусот на најжестоко дерби во светскиот фудбал. Атмосферата беше на високо ниво – над 85.000 навивачи на Ривер создадоа притисок каков што може да се види само на вакви натпревари, додека на теренот се водеше типична, тврдa и нервозна битка.
Во првото полувреме Ривер имаше повеќе од играта, но без вистинска конкретност пред голот. Клучниот момент се случи во завршницата на делот од играта, кога Бока стигна до водство.
По прецизно додавање на Леандро Паредес кон Мерентиел, топката заврши во ситуација каде што еден играч на Ривер играше со рака во сопствениот шеснаесетник. По ВАР-интервенција, судијата покажа на белата точка.
Паредес ја презеде одговорноста и рутински реализираше пенал, по што со жестока прослава им се обрати на навивачите на Ривер, дополнително зголемувајќи ја тензијата на трибините.
Во продолжението Ривер мораше да го преземе ризикот и да напаѓа поинтензивно, но Бока дисциплинирано го контролираше натпреварот. Домашните се обидуваа преку Дриуси и Морено, но без реален ефект, а мечот влезе во нервозна завршница со дури 11 жолти картони.
И покрај поразот, Ривер останува втор во групата Б со 26 бодови, додека Бока се искачи на третото место во групата А со 24 бодови, задржувајќи ја борбата за врвот во плеј-оф зоната.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













