Хрватскиот првак Динамо Загреб одигра 1-1 на „Максимир“ против Генк и се уште нема обезбедно европска пролет. Во последното коло ќе му гостува на Вест Хем во Англија, а има два бода предност во однос на Генк, кој ќе биде домаќин на Рапид Виена.
Аријан Адеми беше стартер во тимот на „модрите“ и играше до 76.минута и покрај тоа што долг период се жалеше на повреда, а Стефан Ристовски остана на клупата за резерви.
Црвена Звезда славеше минимално (1-0) против Лудогорец со голот на Марко Иваниќ.
Галатасарај го совлада Олимпик Марсеј со 4-2, а Лацио убедливо победи (0-3) на гости против Локомотив Москва. Чиро Имобиле беше двоен стрелец, а погоди и Педро.
Вест Хем славеше со 0-2 на гости кај Рапид Виена.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski