Имаат разочарувачка сезона во Премиер – лигата, но Манчестер Јунајтед и Тотенхем покажуваат сосема друго лице на европска сцена. Двете екипи се пред големо финале во Лигата на Европа, откако во првите полуфинални натпревари славеа убедливи победи.
На жешкиот „Сан Мамеш“, Манчестер Јунајтед одигра перфектен меч. Кашемиро со удар со глава донесе водство во 30. минута, а потоа следеше клучниот момент – црвен картон за Дани Вивиан и пенал за Јунајтед. Бруно Фернандеш беше сигурен за 0-2, а потоа со втор погодок во 45. минута ја закова судбината на Атлетик Билбао – 0-3. Второто полувреме беше само рутина за „ѓаволите“.
Во Лондон, „петлите“ не оставија ништо на случај. По само 30 секунди, Бренан Џонсон го постигна најбрзиот гол за Тотенхем во историјата на европските натпреварувања. Во 34. минута, Џејмс Медисон по маестрална асистенција од Педро Поро зголеми на 2-0, а Соланке со сигурна реализација од белата точка во вториот дел ја завери победата. Почесниот погодок за Бодо/Глимт го постигна Салтнес, но тоа не беше доволно да ги загрози лондончани. Сепак, Бодо/Глимт може да се надева дека ќе ја надомести негативата во реваншот.
За двата премиерлигаши, триумфот во Лига Европа би бил „златна карта“ за спас на сезоната – пласман во Лигата на шампионите. Во домашното првенство се борат со нестабилни форми и слаби позиции, но Европа нуди нова шанса.
Фановите веќе сонуваат англиско финале.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













