Македонија ЃП се враќа со предност од 0-1 од Струмица по првиот натпревар во полуфиналето од Купот на Македонија против Беласица.
„Лавовите“ сосема заслужено стигнаа до повеќе од значајната победа благодарение на извонредниот гол со шут од 20 метри на Бразилецот Едуардо Карваљо во 33. минута од средбата.
Гостите можеа да дојдат и порано до предност, но дирекот во 25. минута ја спаси Беласица по шутот на Карваљо. Во второто полувреме најдобриот фудбалер на мечот, Карваљо имаше уште една шанса за Македонија ЃП но не успеа да ја искористи.
Беласица најголемата можност за израмнување ја имаше во 75. минута, но голманот на „лавовите“, Марко Јовановски одлично одбрани по шутот на нововлезениот Пепи Георгиев од десеттина метри. Георгиев внесе огромна свежина во играта на Беласица, но до крајот не успеа да му помогне на својот тим да дојде до израмнување.
Реваншот во Скопје се игра на 10. април. Првиот меч од втората полуфинална пресметка меѓу Академија Пандев и Победа на стадионот „Младост“ во Струмица е закажан за 6. март.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski