Connect with us

Лаутаро Мартинез не дозволи изненадување кај Кремонезе (ВИДЕО)

Интер го победи Кремонезе на гости со 1-2 и се врати на втората позиција на табелата во Серија А со 40 бода, десет помалку од лидерот Наполи. Лаутаро Мартинез беше човекот на одлука за тимот на Интер. Аргентинецот ги постигна двата гола на овој меч.

Кремонезе изненадувачки поведе со прекрасниот гол на Окереке во 11.минута. Десет минути подоцна израмни Лаутаро Мартинез откако одлично реагираше на одбиената топка по шутот на Един Џеко.

Лаутаро Мартинез во 65.минута се погрижи и за целосен пресврт и три бода за Интер од овој дуел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови