Connect with us

Лацио со голем пресврт до триумф во Удине (ВИДЕО)

Лацио има „три од три“. Римскиот тим продолжи со совршениот старт на сезоната, откако вечерва во Удине го совлада Удинезе со 1-2, иако домаќинот прв стигна до предност.

Избраниците на Џенаро Гатузо покажаа одлична физичка подготвеност и во самиот финиш го подигнаа ритамот, што на крајот им донесе целосно заслужен триумф.

Лацио подобро го отвори натпреварот и во првите дваесетина минути создаде неколку прилики преку Тавареш, Закани и Исаксен. Сепак, најсериозно се закани Удинезе. Камара доби топка на десната страна, се намести на левата нога и упати силен удар, но голманот Мандас одлично интервенираше.

Темпото потоа малку падна и без голови се замина на пауза.

А веднаш по стартот на второто полувреме – шок за гостите. Удинезе изведе одлична акција која започна уште од последната линија. Војвода ја испрати топката кон Дејвис, кој со маестрална реакција го проигра Карлстром, а тој погоди за 1-0.

Лацио мораше да тргне по израмнување. Тејлор и Фратези имаа свои обиди, а огромна шанса пропушти и Закањи. Сепак, како што се наближуваше крајот, гостите сè повеќе го преземаа контролата врз играта.

И потоа дојде израмнување.

Закањи направи одлична работа по левата страна, го мина својот чувар и испрати прецизна топка во срцето на шеснаесетникот. Таму беше Фратези, кој рутински реализираше за 1-1.

За Фратези ова беше веќе трет гол на исто толку натпревари на стартот од сезоната, со што уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите засилувања во летниот преоден рок во Италија.

Лацио продолжи да притиска. Закањи потоа од далечина ја погоди стативата, а во 88. минута стигна целосниот пресврт.

Дуки испрати одлична топка во шеснаесетникот, а новото засилување Гудмундсон со удар со глава ја затресе мрежата на Удинезе за 1-2 и победа на Лацио на гостински терен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови