Connect with us

Љатифи потпиша нов договор со Осијек

Македонскиот младински репрезентативец Адмир Љатифи доби ново признание за досегашниот развој во Хрватска, откако го продолжи договорот со Осијек до 2029 година.

Деветнаесетгодишниот крилен напаѓач во Осијек пристигна пред нешто повеќе од една година од Беса Добри Дол, а во новата сезона постепено добива сè поголема доверба во сениорскиот состав.

Љатифи особено се истакна на дуелот против Ријека, кога за првпат доби место во стартниот состав и веднаш возврати со асистенција.

По потпишувањето на новиот договор, младиот Македонец истакна дека довербата од стручниот штаб му дава дополнителен мотив за напредок.

„Добив шанса и му благодарам на тренерот. Мислам дека добро се снајдов, но верувам дека можам да бидам уште подобар на теренот. Убаво е да ја чувствуваш довербата, а многу ми значи и поддршката од навивачите. Уживање е да се игра на „Опус Арена““, изјави Љатифи.

За Осијек ова е уште еден сигнал дека сериозно смета на развојот на младиот македонски фудбалер, кој постепено се наметнува во сениорскиот тим.

Љатифи досега настапуваше за младинските селекции на Македонија, а продолжувањето на соработката со Осијек му отвора можност во следните години да направи уште еден чекор напред во кариерата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови