Connect with us

Лапорта ќе го задржи Куман во Барселона и следната сезона

Холандскиот стратег Роналд Куман ќе остане на клупата на Барселона и следната сезона. Тој добил позитивен одговор од новиот претседател Хоан Лапорта кој сака да го задржи на позицијата за да го одработи договорот со клубот од „Камп Ноу“. И покрај тоа што Барселона доживеа елиминација во Лигата на шампионите, а многу веројатно ќе потклекне и во трката за шампионската титула во Ла Лига, сепак, Куман ќе остане тренер и следната сезона.

Лапорта и Куман во текот на денешниот ден имале работен ручек на кој се договорени многу детали околу иднината на тимот.

Новото раководство на клубот е свесно дека ќе мора да се реновира составот, во рамките на финансиските можности кои и не се така сјајни, а како врвен приоритет е задржувањето на најголемата ѕвезда Лионел Меси. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и за него постои интерес од Манчестер Сити и од Пари Сен Жермен. Начелно, Меси дал согласност да остане и во наредните две години, но бара од Барселона да формира конкурентен тим за освојување на Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови