Роман Абрамович го загуби трпението со Франк Лампард. Како што најавуваат медиумите на Островот, Челси денеска ќе се раздели со менаџерот Лампард поради серијата лоши резултати во изминатиот период.
Челси загуби пет од последните осум натпревари во Премиер – лигата, па ниту триумфот во ФА купот на Англија не го премисли Роман Абрамович во одлуката за смена на Лампард. Тој вложи повеќе од 200 милиони фунти во нови засилувања пред почетокот на сезоната, а очекувањата беа дека тимот ќе се бори за шампионската титула. Но, Челси потклекна и во моментот се наоѓа на средината на табелата со значително заостанување зад лидерот Манчестер Јунајтед.
Раководството на клубот го откажало денешниот тренинг на тимот за да има разговор со Франк Лампард и да му соопшти дека неговото време на „Стемфорд бриџ“ како менаџер е истечено.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













