Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, е победник во четвртото издание на анкетата „100-те на Марка“ за сезоната 2024/25. Целта на ова рангирање е да ги избере најдобрите 100 фудбалери во светот за изминатата натпреварувачка кампања.
Во гласањето учествуваа 133 лица – новинари од светски медиуми, поранешни фудбалери и тренери. Секој од нив го избра својот Топ 10, при што за првото место се доделуваа 30 поени, за второто 25, а за третото 23.
🏆 Este es el podio final de #Los100 de Marca
— MARCA (@marca) July 24, 2025
🧵 Repasamos los podios de los años anteriores… pic.twitter.com/7VzY1PDyu8
Јамал триумфираше со вкупно 3310 поени, оставајќи ги зад себе ѕвездите на Пари Сен Жермен – Oсман Дембеле (3100 поени) и Витиња (2732 поени). Со тоа, шпанскиот репрезентативец им се придружи на претходните добитници на наградата на „Марка“: Карим Бензема, Ерлинг Халанд и Винисиус Жуниор.
Во сезоната што измина, 18-годишниот суперталент освои три трофеи со Барселона – титулата во Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија. Покрај тоа, забележа 18 голови и 25 асистенции на 55 одиграни натпревари на клупско ниво, а беше и клучен играч за шпанската репрезентација.
За најдобар тренер беше избран стратегот на ПСЖ, Луис Енрике.
Во рамки на анкетата беа составени и два идеални тима – еден на меѓународно ниво и еден само со шпански фудбалери.
Во меѓународниот состав, покрај Јамал, Дембеле и Витиња, се најдоа и Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими, Нуно Мендеш и Фабиан Руиз од ПСЖ, Педри и Рафиња од Барселона, Вирџил ван Дајк од Ливерпул и Килијан Мбапе од Реал Мадрид.
Во шпанскиот тим повторно беа вклучени Педри, Фабијан Руиз и Ламин Јамал, а им се придружија и Жоан Гарсија (Еспањол), Ињиго Мартинез, Пау Кубарси и Алехандро Балде (Барселона), Алекс Баена и Ајозе Перез (Вилјареал), Дин Хујсен (Борнмут), Иско (Бетис) и Нико Вилијамс (Атлетик Билбао). Интересен факт е што во оваа селекција немаше ниту еден фудбалер од Реал Мадрид.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













