
Баерн Минхен беше на чекор до освојување на титулата откако направи неверојатен пресврт против Лајпциг на гостински терен и поведе со 2-3, но радоста беше краткотрајна – Јусуф Полсен постигна гол во 95-тата минута и постави конечни 3-3, со што го одложи шампионското славје.
Иако Баерн со ова реми е многу блиску до титулата, сепак мора и математички да ја потврди во наредното коло.
🚨🇩🇪 GOAL | Leipzig 3-3 Bayern Munich | Yussuf Poulsen
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) May 3, 2025
YUSSUF POULSEN HAS EQUALIZED IN THE 95TH MINUTE FOR LEIPZIG !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/a8WaAEuuCa
Натпреварот започна одлично за Лајпциг – Бењамин Шешко го отвори резултатот во 11-тата минута, а Клостерман зголеми на 2-0 во 39-тата.
Баерн се разбуди во второто полувреме – Ерик Даер намали во 62-та, а само една минута подоцна Мајкл Олисе го израмни резултатот. Лирој Сане во 83-тата минута донесе целосен пресврт, но Полсен со погодок во финишот ги замолчи гостите.
Голови имаше и на други натпревари: Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм одиграа спектакуларни 4-4, Штутгарт победи на гости кај Сент Паули со 0-1, а Унион Берлин и Вердер одиграа 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
