Трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид сè уште чека официјална потврда, но во Лајпциг веќе почнаа да го планираат животот без својот најголем адут. Германскиот клуб забрзано работи на засилувања, а првата цел е косовскиот репрезентативец Фисник Аслани.
Напаѓачот на Хофенхајм е на чекор до преселба во Лајпциг во зделка вредна околу 30 милиони евра. Германските медиуми пренесуваат дека лекарските прегледи се веќе договорени, а Аслани треба да биде директната замена за Диоманде во офанзивната линија.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 6, 2026
Во исто време, во Мадрид e финализиран еден од најголемите трансфери ова лето.
Реал Мадрид за 19-годишниот офанзивец ќе плати вкупно 140 милиони евра, што ќе претставува рекорден износ за едно засилување во историјата на „кралскиот клуб“. Со тоа Диоманде ќе стане најскапото ново име што некогаш пристигнало на „Сантијаго Бернабеу“, а од него ќе се очекува да биде еден од лидерите на новата генерација на мадридскиот гигант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













