Connect with us

Лајпциг не отстапува од своите барања: „Виси“ трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид?

Преговорите за трансферот на Јан Диоманде од Лајпциг во Реал Мадрид се во застој, откако германскиот клуб не одговорил на последната понуда на „кралевите“. Според „Скај Спорт“, Лајпциг и понатаму бара 120 милиони евра, плус бонуси, за 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, поради што разговорите меѓу двата клуба привремено се прекинати.

Самиот Диоманде има силна желба да се пресели во Реал Мадрид и не сака да патува со Лајпциг на претсезонските подготовки во Австрија, кои започнуваат денеска. Конечната одлука дали ќе отпатува со тимот се очекува да биде донесена во текот на денот.

Доколку сепак замине во Австрија, крилниот напаѓач се надева дека нема да тренира со екипата и ќе го пропушти пријателскиот натпревар против третолигашот Верл. На тој начин сака да избегне евентуална повреда која би можела да го доведе во прашање неговиот трансфер во Мадрид.

Реал Мадрид е подготвен да плати до 135 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, а се очекува преговорите меѓу двата клуба да продолжат во наредните денови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови