Connect with us

Лајпциг го отпушти тренерот

Американскиот тренер Џеси Марш е разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб на бундеслигашот Лајпциг, два дена по поразот од Унион Берлин во Бундес – лигата, соопшти германскиот клуб.


Марш летово пристигна во Лајпциг од Салцбург како замена за Џулијан Нагелсман, кој кариерата ја продолжи на клупата на Баерн Минхен.

Овој стратег летово потпиша двегодишен договор со тимот од Источна Германија, но на 14 натпревари оствари само пет победи, три нерешени и шест порази.

Лајпциг моментално е 11. позиција на табелата и заедно со последнопласираниот Гројтер Фурт ги сочинуваат двата тима со најлоша форма во лигата на последните пет меча.

Во сабота Лајпциг ќе ја пречека Борусија Менхенгладбах, а дотогаш останува да се реши прашањето кој ќе биде наследникот на Џеси Марш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови