Германскиот бундеслигаш Лајпциг официјално потврди дека се разделува со тренерот Марко Росе и неговиот стручен штаб, по неуспехот на тимот да задржи високото место во Бундес-лигата. Лајпциг моментално е на шестото место, само три бода надвор од зоната за Лигата на шампионите, а ова доаѓа седум кола пред крајот на сезоната. Во последните 11 натпревари, тимот има само две победи, што доведе до сериозна криза во формата.
Одлуката беше донесена по поразот од 0-1 од Борусија Менхенгладбах, а пред да се одигра полуфиналето за Купот на Германија против Штутгарт во среда. Лајпциг моментално е три бода зад четвртиот Мајнц, кој денес игра против Борусија Дортмунд.
Јирген Клоп, кој стана директор за фудбалските операции на „Ред Бул“ во јануари, беше вклучен во процесот на донесување на оваа одлука, иако е пријател со Росе.
Росе, кој ја презеде функцијата тренер на Лајпциг во 2022 година, двапати го однесе клубот во Лигата на шампионите, освои Купот на Германија и Суперкупот во 2023 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













