Германскиот бундеслигаш Лајпциг го договори ангажманот на големиот талент на Црвена звезда, Андрија Максимовиќ. Германскиот клуб ќе плати 14 милиони евра за правата на 18-годишниот офанзивен играч за врска, а во договорот се вклучени и дополнителни 500.000 евра бонуси. Покрај тоа, Црвена звезда ќе задржи 10% од следниот трансфер.
Се очекува Максимовиќ во наредните часови да ги мине лекарските прегледи и да потпише долгорочен договор со Лајпциг.
Максимовиќ досега има 41 настап за Црвена звезда, при што постигна шест голови, а веќе има и осум настапи за репрезентацијата на Србија.
Овој трансфер го прави Максимовиќ третото ново засилување за Лајпциг во текот на оваа недела.
Претходно, клубот ги договори Јоан Бакајоко од ПСВ Ајндховен и Јан Диоманде од Леганес. Тројцата заедно ќе го чинат германскиот клуб вкупно 54 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













