Роберт Левандовски може да ја продолжи кариерата во САД, тврди „AC“. Според авторитетното издание, главен кандидат за ангажман на полскиот интернационалец е Лос Анџелес галакси.
Левандовски има договор со Барса до следното лето, но клубот е расположен да го продаде поради неговата возраст и високата плата што ја добива. Минатата сезона одигра 49 натпревари во сите натпреварувања и постигна 26 гола.
ЛА галакси веќе го обезбеди потписот на Марко Ројс, кој го одигра последниот натпревар за Борусија(Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Реал Мадрид.
Не е тајна дека Ројс и Левандовски се добри пријатели уште од времето кога играа заедно во Дортмунд, а раководството на ЛА галакси се надева дека тоа ќе помогне и при доаѓањето на Левандовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













