Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, е решен да остане во редовите на шпанскиот гигант и покрај значително попрофитабилните понуди од други клубови, пренесува „АС“.
34-годишниот Белгиец има намера да го одработи актуелниот договор до самиот крај, а потоа да стави точка на професионалната кариера токму како голман на мадридскиот гигант.
Куртоа е член на Реал Мадрид од летото 2018 година и во изминатиот период освои 14 трофеи со клубот. Меѓу нив се издвојуваат и две титули во Лигата на шампионите.
Белгискиот голман и понатаму е прв избор меѓу стативите, а во сезоната 2026/27 досега има осум настапи во сите натпреварувања, на кои прими девет гола.
И покрај интересот и финансиски поповолните услови што би можел да ги добие на друга адреса, Куртоа нема намера да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Неговата желба е последните години од кариерата да ги помине во дресот на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













