Connect with us

Курт Зума го компликува доаѓањето на Жул Кунде во Челси

Челси наиде на неочекуван проблем во обидот да го ангажира стоперот на Севилја, Жул Кунде. Клубот од „Стемфорд бриџ“ се надеваше на договор со Шпанците во трансфер вреден вкупно 59 милиони евра. Нивната намера беше да платат за Французинот, но и да го испратат својот стопер, Курт Зума, на „Рамон Санчез Пижуан“ како дел од обештетувањето.


Сепак, Зума сака да остане во Премиер – лигата и тоа значително го отежнува договорот помеѓу Челси и Севилја.


Опцијата Зума да остане во Англија, поточно во Лондон, е многу можна, бидејќи Вест Хем е заинтересиран за него. „Чеканите“ се подготвени да платат 23,5 милиони евра за неговото доаѓање. Челси ја проценува цената на Курт Зума на 29 милиони евра, а прашање е дали Вест Хем би се согласил да издвои толку пари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови