Connect with us

Курасао постигна историски гол, но потоа Германците им ја наполнија мрежата (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Германија очекувано оствари убедлива победа (7-1) против Курасао во првиот натпревар на Светското првенство. Сепак, малата земја може да се гордее затоа што постигна историски прв гол во првиот мундијалски настап.

Нмеча во шестата минута донесе водство за Германија, но потоа Курасао израмни со голот на Ливано Коменсија.

Шлотербек и Каи Хаверц од пенал сепак обезбедија предност од 3-1 за Германците до полувремето.

Во вториот дел, следеше голеада во изведба на фаворитот. Мусијала зголеми на 4-1, петтиот гол го постигна Браун, погоди и Ундав, а серијата ја затвори Каи Хаверц со својот втор погодок на дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови